Која е прекрасната мисица што ќе ја игра улогата на младата Јованка Броз
Актерката Милица Томашевиќ (29) ја игра главната улога како сопругата на Јосип Броз Тито до педесетгодишна возраст во серијата „Јованка Броз и тајната служба“, додека ликот на Јованка после тој период го оживеа Снежана Савиќ.
Јованка Броз беше сопруга на претседателот на Југославија во екот на неговата моќ, и многумина немаат сомнеж дека имала битен глас при донесување важни одлуки.
Колкаво било нејзиното влијание е темата на оваа серија. Постојат теории за тоа кој ја донел во Претседателската куќа, за кого работела и кој работел за неа, но едно е сигурно, таа имала неверојатна способност да ги држи работите под контрола. Сенката на Тито која се грижела за се во оваа серија ќе ја игра прекрасната Милица Томашевиќ која на 19- годишна возраст беше Мис на Косово и Метохија.
Милица исто така има завршено два факултета, за глума и Економски, а моментално може да ја видите во втората сезона од серијата „Игра на судбината“, каде ја игра Нада.