Која е Србинката која наводно го прислушкувала претседателот и била страв и трепет во полицијата?

Неодамна една афера ја тресе Србија. Наводно е откриено дека претседателот Александар Вучиќ е прислушкуван и дека тоа го наредила Дијана Хркаловиќ, државен секретар за внатрешни работи на Србија. Дијана која има скромни корени ја почнала нејзината политичка кариера неочекувано и за брзо време стигнала до врвот, а српските власти и медиуми ја поврзуваат со повеќе афери и вршење на „валкани“ работи за власта.

Неодамна се појавија и нејзини експлицитни фотографии во кои таа ја покажува својата долна облека. На една фотографија таа ги покажува гаќичките додека позира во фармерки, а во друга фотографија носи здолниште од кое ѝ се гледаат подвезиците. Овие фотографии наводно биле наменети и испратени на актуелен политичар.

Која е девојката која крена голема врева во регионот?

Хркаловиќ е магистер по психологија. Според медиумите, таа работела во сточарската задруга на нејзиниот татко во Пожаревац. Потоа таа се приклучи на Српската напредна партија на Александар Вучиќ и оттогаш следува нејзиниот брз подем. Прво лепела плакати за партијата на Вучиќ, а потоа била кандидат за советници во Собранието на Град Белград.

Откако прогресивците дошле на власт, таа се вработила во Безбедносно -информативната агенција (БИА). Набрзо била префрлена во Министерството за внатрешни работи, каде што прво работела како заменик -шеф на кабинет на министерот Небојша Стефановиќ, со кого сѐ уште е поврзана. Од канцеларијата на Стефановиќ била префрлена на позиција секретар во Управата за криминалистичка полиција.

За тоа време, таа успеала да се позиционира како личност од доверба задолжена за сите тајни активности во МВР, пишуваат медиумите.

Никој не се надевал дека таа ќе започне политичка кариера

Во медиумите се појавуваат и оние кои ја познаваа Дијана Хркаловиќ уште пред нејзината кариера во полиција. Колегите од Филозофскиот факултет беа зачудени од нејзината работа во МВР.

Се изненадиле кога ја виделе пред неколку години на прес -конференција на тогашниот министер за внатрешни работи во улога на секретар на МВР. Таа била една од најдобрите студенти на генерацијата и оставила впечаток на тивка и ненаметлива девојка. Целиот оддел бил шокиран од фактот што станала дел од владејачката гарнитура, дознава Нова.рс од факултетот. Кога потоа се појавила на универзитетот, еден од нејзините колеги ја прашал од каде во политичката партија и во Министерството за внатрешни работи, особено затоа што работата не е во нејзината професија.

„Таа одговорила во стилот:„Ма што ми е гајле, јас сум за сите нив Ајнштајн, можам да правам што сакам “, на што сите останаа запрепастени“, изјавил извор од факултетот.

Експлицитните фотографии од Дијана наводно биле направени на нејизното работно место, поточно во нејзината канцеларија.