Која е тајната на долгиот живот? Фокс териерот Пеблс е крунисан за најстарото куче на светот
Можеби не изгледа толку старо, но Пеблс, од Јужна Калифорнија, штотуку го доби импресивното признание дека е најстаро куче кое живее на светот, според Гинисовата книга на рекорди. Пеблс има 22 години и 59 дена или 154 години во кучешки години.

Таа е родена на 28 март 2000 година и е во добра здравствена состојба, велат нејзините сопственици Боби и Џули Грегори. Иако првично сакале поголемо куче, сепак Пеблс ги освоила со нејзиниот разигран и весел карактер, па тоа било љубов на прв поглед. Од тогаш тие се посветиле да и обезбедат позитивна и среќна средина, добра и чиста храна и здравствена заштита.

Пеблс сака да слуша кантри музика додека спие, ужива да си игра под палмата во нивната градина, да шета, да ужива на сонце и да седи на скалите покрај базенот. Разгалена од нејзините сопственици, сака чешкање по стомакот и повремено прикрадува по некој хамбургер и хот-дог. Пеблс ужива во едноставен и скромен живот, спие до попладне и останува будна цела ноќ.

Пеблс штотуку ни ја откри тајната за долгиот живот, тоа во кое сите ние уживаме, хедонизам. Но со еден мал потсетник, да бидеме скромни. Па следен пат кога ќе ве прекорат зошто сте до доцна будни, раскажете му ја приказната за Пеблс.
