Која е тајната за да се живее 100 години во Македонија? (виц)

Новинар му прави интервју на стар дедо, Македонец, на неговиот 100-ти роденден.
– Дедо Петре, која е тајната за да се живее 100 години?
– Сега ќе ти кажам внучко. Еднаш во годината му правам на организмот алкохолна шок терапија.
– И колку ракија испивате тогаш?
– Само тој ден ништо не пијам.