Која карта би ја одбрале ВИЕ? Студија открива дека две третини од нас избираат иста карта – Па, дали може да прелажете магионичар?

Не може секој да извлече зајак од капа или да открие скриена паричка зад нечие уво. Но, кога станува збор за трикови со карти, не мора да бидете магионичар за да предвидите која карта некој ќе ја избере.

Па ајде да видиме, која карта би ја избрале вие?

 

 

Дали ја избравте третата од лево? Научниците открија дека, кога ќе се соочат со четири карти и ќе побараат да изберат една, повеќето луѓе ќе ја изберат третата од лево. Не треба да сте магионичар за да знаете дека луѓето кои се десничари би ја избрале картата која што им е поблиску на дофат. А исто така луѓето имаат вродено несакање за „рабовите“, затоа претпочитаат да избираат предмети од средината, а не од крајот на редот.

Научна студија во која учествуваше Универзитетот Голдсмит во Лондон побара 60 луѓе на возраст од 18 до 25 години, да одберат карта, која било карта, од четири опции. Психолозите докажаа дека две третини од луѓето, би ја избрале третата карта од левата страна.

Д-р Густав Кун, првиот автор на студијата од Голдсмитс, рече: „Знаеме од претходните истражувања дека луѓето со поголема веројатност ќе изберат предмет од средината на редот и ќе изберат предмети што се погодни за дофат. Во суштина, ние сме прилично мрзливи. Интересниот дел е што честопати сме целосно несвесни за изборите што ги правиме и погрешно мислиме дека целосно ги контролираме нашите мисли и постапки. Повеќето луѓе немаат поим дека е многу поголема веројатноста да ја изберат третата карта од лево“.

 

Претходните студии покажаа дека магионичарите можат да ги наведат луѓето да изберат карта со тоа што ќе го набљудуваат правецот на нивната рака, а потоа тајно ја туркаат избраната карта во тој правец. Друг трик е брзо да се развијат сет карти, така што една карта е видлива подолго, во тој случај луѓето имаат тенденција несвесно да ја изберат.

Резултатот од ова истражување делумно се објаснува со одбивноста на луѓето кон „рабовите“, што значи дека имаме тенденција да земаме намирници од центарот на полицата на супермаркетите и, кога треба да оцениме нешто, ретко ќе кажеме нула или 10 од 10, туку одиме на среден број.

Преферирањето на луѓето за третата картичка е едноставно затоа што ова е „патот на најмал отпор“, бидејќи е најблиску. Луѓето во студијата кои ја избрале третата картичка навистина не знаеле зошто, оценувајќи ја својата слобода на избор при донесувањето на одлуката.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *