Колку ќе се лаже на изборите во Македонија 2020 (виц)

Кандидат за пратеник оди на средба со избирачите во едно македонско планинско село. Се собираат сите селани на сред село и тој ги прашува:
– Кажете сега, какви проблеми имате?
– Па ние имаме два основни проблеми. Првиот е, што имаме болница, а немаме доктор.
– Момент!
Политичарот буричка во џебот, го вади мобилниот телефон, зборува извесно време и вели:
– Тоа прашање го решив! Докторот ќе дојде уште на првиот ден од мојот мандат! Кој е вториот проблем?
– Во нашето село нема никаква мобилна мрежа!