Колку често треба да ги перете чаршафите? Експертите еднаш засекогаш ја решаваат дебатата и тоа е почесто отколку што мислите
Ако прашате случајна група луѓе: „Колку често ги перете чаршафите?“ веројатно би добиле драстично различни одговори. Има луѓе кои ги перат еднаш неделно, а има и луѓе кои ќе те запрашаат „Кој побогу ги пере чаршафите еднаш неделно?“.
Иако не постои дефинитивен број на денови или недели, повеќето експерти препорачуваат да се заменат чаршафите со чисти секоја недела или две.
Дерматологот Алок Виј, лекар, изјави за Клиниката во Кливленд дека луѓето треба да ги мијат чаршафите најмалку на секои две недели, но веројатно почесто ако имате домашни миленици, живеете во топла клима, се потите многу, се опоравувате од болест, имате алергии или астма или ако спиете гол.
Постојано „исфрламе“ мртва кожа, а триењето им помага на мртвите клетки на кожата да се отстранат, па замислете што се случува секогаш кога ќе се превртите и вашата кожа се трие на чаршафите. Нормално е да се потите и во сон, па тоа е и на вашите чаршафи. А потоа, има првут и прашински грини и нечистотија што ги носиме на себе само од целото секојдневие, а сето тоа се комбинира за да се направат прилично валкани чаршафи за прилично краток временски период, дури и ако изгледаат „чисти“.
Можеби ако се туширате пред спиење и секогаш носите чисти пижами, би можеле да почекате две недели за чаршафите.
Што е со остатокот од постелнината? Ќебиња, јоргани и што уште не?
Sleep.com препорачува да ја перете вашата прекривка еднаш неделно, но тоа зависи од тоа дали го ставате јорганот/ќебето во навлака. Некаде помеѓу ерата Gen X и Millennial, младите луѓе престанаа да го ставаат јорганот во навлака и го користат така. Ако сте вие тие тогаш треба да го перете ќебето/јорганот еднаш неделно. Ако користите навлака, можете да спиете мирно неколку недели и само да ги перете навлаките на недела, две.
Што е со перниците?
Навлаките за перници треба да се вклучат со неделното перење на чаршафите, но самите перници треба да се перат на секои 3 до 6 месеци.
Конечно, што е со самиот душек?
Кружат многу видеа каде што луѓето го посипуваат душекот со сода бикарбона, го четкаат сето тоа за да навлезе во душекот и потоа го вакумираат сето тоа. Architectural Digest вели дека колку подолго оставате сода бикарбона на душекот , толку подобро – барем неколку часа, но по можност преку ноќ. Некои луѓе додаваат неколку капки есенцијално масло во сода бикарбона за дополнително вкусен мирис.
Коментирај анонимно