Колку чинат намирниците во Холандија, една од најскапите земји во ЕУ?

Човек кој престојува во Холандија ги споделува своите искуства од секојдневниот шопинг во супермаркетите таму. Земјата е позната по својот висок животен стандард, но и по високите цени, особено кога станува збор за основните намирници. Преку една прошетка низ холандски супермаркет, во случајов „Бонус“ кој е дел од синџирот „Алберт Хајн“, добиваме увид во тоа колку навистина чини секојдневниот живот таму.

 

Колку чинат намирниците во Холандија, една од најскапите земји во

Цените се збунувачки

Цените често се прикажани за пакувања од 100, 250 или 500 грама, или за поединечни парчиња, наместо за килограм. Деталите за цената по килограм се напишани со ситни букви. Покрај тоа, попустите се ретки и најчесто важат за производи што се блиску до истек на рок.

 

Цените се збунувачки

Овошје и зеленчук

• Јаболка: од 129 денари по килограм (~2.10 €)
• Круши: од 111 денари по килограм (~1.80 €)
• Манго: 129 денари за 2 парчиња (~2.10 €)
• Банани: 148 денари по килограм (~2.40 €)
• Лимони: 45 денари за едно парче (~0.73 €)
• Домат: од 178 денари по килограм (~2.90 €)
• Краставица: 62 денари по парче (~1.00 €)
• Компири: од 111 денари по килограм (~1.80 €), продаваат само измиени и спакувани

 

Овошје и зеленчук

Подготвени салати

Салатите се продаваат спакувани, со вклучена вилушка и парче леб.
Цена: од 185 до 310 денари по порција (3-5 €)

 

 Подготвени салати

Сирење

И покрај тоа што многу познати сирења потекнуваат од Холандија:
Едам, Гауда, Маасдам: од 1.230 до 1.540 денари по килограм (~21-25 €)
Beemster (со попуст): околу 1.107 денари по килограм (~18 €)

 

Сирење

Јајца и млечни производи

• Јајца: од 165 денари за 10 парчиња (~2.69 €); често се продаваат пакувања од 6
• Млеко: од 80 до 86 денари за литар (~1.30 – 1.40 €), во пакување од 2.4 литри
• Јогурт: од 61 денар па нагоре (~1 €)

 

Јајца и млечни производи

Леб и тестенини

• Бел леб: од 83 денари за половина векна (~1.45 €)
• Црн леб: од 65 денари (~1.05 €)
• Тестенини: од 185 денари за 500 грама (~3 €)

 

Леб и тестенини

Месо

Изборот е ограничен, а цените се високи:
• Пилешко филе: од 984 денари по килограм (~16 €)
• Карпачо со сос: поскапо, но со одличен изглед и квалитет

Месо

Алкохолни пијалаци

• Вино: од 308 денари по шише (~5 €), вклучува и порта вина (460 – 523 денари, ~7.5 – 8.5 €)
• Пиво: од 46 денари за 0.33 литри (~0.75 €)

 

 Алкохолни пијалаци

Безалкохолни пијалаци и кафе/чај

• Газирани пијалаци: од 49 до 141 денар (~0.85 – 2.50 €)
• Сокови: од 123 до 197 денари за литар (~2.10 – 3.20 €)
• Кафе (капсули): од 246 денари за 10 капсули (~4.30 €)
• Чај: од 117 денари (~1.90 €)

 

 Безалкохолни пијалаци и кафе/чај