Колку ќе ве чини да се разболите во Турција, а да немате осигурување? Еве ќе ви каже Британецов кој едвај платил за да може да се врати дома

Две недели во Турција се претвориле во кошмар. 68-годишниот Малком Штокер отишол на одмор во Мармарис со неговата девојка Џејн. Таму го фатило нешто што се чинело како стомачен вирус и тој морал да отиде во болница. Но, на крајот му била дијагностицирана пневмонија и бил ставен во кома и на вентилатор цели две недели.

 

Кога Малком конечно закрепнал, го чекало уште еден шок – не можел да си замине додека не ја плати медицинската сметка од 60.000 евра. Неговото семејство најмило адвокат кој ја намалил сметката на 30.000 евра и започнале со собирање средства, собирајќи над 20.000 евра. По повеќе од еден месец, Малком конечно се враќа дома во Ексмут, Девон.

 

Ќерката на Малколм, Ема-Џејн (33) им се заблагодари на оние кои донирале, велејќи дека нејзиниот татко сè уште ќе беше во Турција без нивна помош. Таа додаде: „Тато сега е дома и се опоравува и чека тестови за да се увери дека неговото здравје е во ред“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *