Колку пари изгуби основачот на „Фејсбук“ Марк Цукемберг поради неколкучасовниот пад на социјалната мрежа? Од бројката ќе ви се сврти во главата!

Луѓето од целиот свет останаа збунети и испаничени откако „Фејсбук“, „ВатсАп„ и Инстаграм# истовремено се блокираа, прашувајќи се сега повторно ќе треба да комуницираме преку писма.

За среќа, сега, проблемот е решен, а „Фејсбук“ во објава откри дека комуникацијата е прекината поради „промени во конфигурацијата на главните рутери што го координираат сообраќајот на мрежата помеѓу центрите за податоци“.

Меѓутоа, и покрај тоа што услугите сега се повторно дотапни, прекинот имал поголем ефект отколку што би можеле да замислиме.

Извршниот директор и ко-основач на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, имал особено лош ден, откако видел дека неговото богатство се намалило за милијарди за само неколку часа поради прекинот.

Прекинот беше толку драматичен што 37-годишниот Цукерберг падна на петтото место на списокот на милијардери на Блумберг, веднаш под коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Губејќи приближно 6 милијарди долари поради вчерашниот пад, богатството на Цукерберг сега изнесува „само“ 121,6 милијарди долари, откако исто така се намали од 140 милијарди долари за само неколку недели поради низа фактори.