Колку пари навистина се заработува на Оnly Fans? Ова е реалноста и пред да се залета некоја девојка треба да ја прочита!
Социјалните мрежи се полни со приказни за sвезди како Софи Реин и Бхад Баби, кои заработуваат десетици милиони долари на OnlyFans. Ова може да создаде илузија дека платформата е лесен начин за брза заработка.
Но, реалноста е далеку од тоа. Поголемиот дел од креаторите на OnlyFans заработуваат мизерни суми.
Според Variety, просечниот креатор заработува само 1.300 долари годишно – или 108 долари месечно.
Еден од корисниците, кој бил рангиран во топ 71% на платформата, имал само два активни претплатници, открива Range Media.
Најголемиот дел од парите одат кај топ 1% од креаторите, кои во просек заработуваат околу 49.000 долари годишно.
Најголемите пари, пак, ги собираат ексклузивните 0.1% од креаторите, кои заработуваат околу 15 пати повеќе од просечниот корисник во топ 1%, според анализите на Метју Бол. Со други зборови, најголем дел од богатите корисници се славни личности и веќе познати инфлуенсери.
Пример за тоа е инфлуенсерката Софи Реин, која неодамна објави дека за една година заработила неверојатни 43 милиони долари на платформата, станувајќи една од најуспешните креаторки во историјата на OnlyFans.
Меѓу другите големи ѕвезди на платформата е и Јутјуберката Корина Копф, која во рок од три години заработила 67 милиони долари, пред да „се пензионира“ од OnlyFans минатиот октомври.
Списокот на славни личности кои инкасирале милиони од оваа платформа е долг и вклучува имиња како Дениз Ричардс, Иги Азалија, Џем Волфи и Ларса Пипен.
OnlyFans исплатил неверојатни 20 милијарди долари на своите креатори!
Извршниот директор на OnlyFans минатата година откри дека компанијата од своето основање во 2016 година исплатила вкупно 20 милијарди долари на своите креатори.
Извршната директорка, Кели Блер, зборувајќи на конференцијата Bloomberg Screentime во Лос Анџелес, објасни зошто луѓето плаќаат за содржина на OnlyFans, иако порнографијата е бесплатно достапна на интернет.
„Луѓето сакаат да се поврзат со одредени креатори. Тука е важна персонализацијата – можноста да побараш конкретна содржина“, рече таа.
Таа додаде: „Сите претпоставуваат дека се работи за еротска содржина. Да, дел од неа е таква, и ние сме среќни со тоа. OnlyFans е инклузивна платформа, создадена со причина – да им овозможи на креаторите за возрасни безбедно да ја монетизираат својата работа, но и да соработуваат со други типови на креатори.“
Kreatori. Hahah
Dobro be pri ziv i besplaten pornhub najdovte pari da davate na ovie?
Alooooo
Коментирај анонимно