Колку помалку шеќер внесува бебето во првите 1000 дена од животот, толку се помали шансите од развој на овие болести од коишто пати секој втор човек

Истражувачи од Универзитетот на Јужна Калифорнија, Универзитетот во Калифорнија, Беркли и Универзитетот Мекгил во Канада анализираа како внесот на шеќер во првите години од животот може да влијае на здравјето подоцна, особено на развојот на тип 2 дијабетес и хипертензија. Со користење на британска истражувачка база на податоци и податоци за 60.183 лица родени меѓу 1951 и 1956 година, тие ги испитуваа последиците од ограничувањето на шеќерот, кое траело до 1953 година, кога внесот на шеќер повторно почнал да се зголемува.

 

 

Во периодот од 1940 до 1953 година, на возрасните им било дозволено по 41 грам шеќер дневно, додека на децата под две години не им било дозволено воопшто. Според податоците, децата кои биле подложени на ова ограничување на шеќерот во првите 1.000 дена од животот имале 35 проценти понизок ризик за развој на дијабетес тип 2 и 20 проценти помал ризик од хипертензија како возрасни.

Истражувачите истакнаа дека ефектите од ограничувањето биле видливи дури и кај децата на кои ограничувањето им било укинато додека биле уште во утробата. Дополнително, кога се појавувале здравствени проблеми, нивната појава била одложена кај оние на кои внесот на шеќер им бил ограничен во раниот живот.

 

 

Овој „природен експеримент“ им овозможил на истражувачите да ги проучат долгорочните последици на внесот на шеќер, вели економистот Тадеја Грачнер од Универзитетот на Јужна Калифорнија. Истражувачите сметаат дека резултатите се силен доказ дека раниот внес на шеќер има големо влијание врз здравјето. Тие планираат понатамошни истражувања за да ја испитаат врската меѓу шеќерот и други болести, како рак.

„Шеќерот во раниот живот е новата закана, слична на тутунот, и треба да го третираме така што ќе ги поттикнеме компаниите да произведуваат поздрава бебешка храна“, изјави Пол Гертлер од Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *