Колку се промени Скопје „од воздух“ во последните 37 години? Google Earth нуди можност секој да дознае повеќе за својот град

Алатката Timelapse на Google Earth е дизајнирана да ве едуцира за тоа како човечката активност влијае на изгледот – и на здравјето на планетата. Сцените кои покажуваат како единствениот дом за луѓе се сменил во текот на 35-37 години откриваат повеќе од зборови: од уништувањето на шумите во Боливија и Бразил и повлекувањето на глечерот Колумбија на Алјаска до пресушувањето на Карахстанското Аралско Море се само неколку примери.

Ние исто така сакавме да истакнеме колку брзо се менува светот па затоа подоле ви го претставуваме линкот каде што можете да гледате видео на Гугл за тоа колку шуми исчезнале, колку брегови се смениле и колку градови пораснале во период од скоро 4 децении.

Покрај влијанието врз природата, Timelapse може да им служи и на носталгичните луѓе кои сакаат да проверат како се сменија нивните градови во минатото. На овој линк, проверете како некогаш изгледало Скопје, некој од останатите градови низ Македонија или пак доколку сакате да го истражите минатото на некој од европските градови, сега е можноста.

Кликнете на линкот ТУКА и фрлете се на „детективска работа“. Сѐ што треба да направите е да го внесете името на градот во правоаголникот за пребарување,

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.