Колку шолји кафе на ден се корисни за вашето здравје, според науката (Плус калкулатор за пресметка на внесен кофеин)

Во текот на 17 век, пиењето кафе се казнувало со смрт. Тогаш се верувало дека има ефекти што го менуваат умот. За среќа, сега можеме да пиеме кафе колку што сакаме, а докажано е дека разновидноста на соединенија што ги содржи придонесува за нашето здравје. Но, сè уште има многу дискусии за тоа колкава количина кафе е безбедно да се пие во текот на еден ден.

Вистинската количина кафе му е од корист на вашето срце

Група научници од Германија откриле дека кофеинот ги прави клетките во нашите крвни садови да реагираат на одреден начин. Тоа го подобрува начинот на работа на овие клетки и ги прави да работат како помладите. Истражувачите веруваат дека оптималното количество кафе што треба да го одржиме срцето помладо подолго е по 4 шолји на ден.

Луѓето кои пијат кафе живеат подолго

Со текот на годините, истражувачите забележале дека редовните „кафехоличари“ поретко се погодени од разни здравствени состојби. Списокот вклучува срцеви заболувања, мозочни удари, повреди, респираторни заболувања, инфекции и дијабетес. Масовно истражување спроведено на 400.000 луѓе во САД открило дека луѓето кои пијат кафе на дневна основа имаат помала веројатност да умрат од каква било причина отколку луѓето кои го намалиле кофеинот.

Но, не претерувајте!

Меѓутоа, ако често пиете 5 шолји или повеќе скалата почнува да се движи кон ризик. Луѓето кои редовно пијат премногу кафе може да се подготват за некои здравствени компликации. Пиење повеќе од 6 шолји еспресо секој ден може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања до 22%, според една студија.

Што го прави вашето кафе нездраво?

Иако е точно дека точното количество црно кафе го намалува ризикот од дијабетес, додавањето на засладувачи, крем и ароми може да го зголемат нивото на шеќер во крвта.

Калкулатор за пресметка на внесот на кофеин

Кафето не е единствениот извор на кофеин. Може да се најде и во чајот и некои други намирници. Можете да користите онлајн калкулатори за кофеин за да разберете колку од овој стимуланс консумирате дневно.

Калкулаторот можете да го најдете ТУКА. Првин во делот I had и I also had внесете што сте испиле, во зависност од тоа колку од намирниците се совпаѓаат со вашето секојдневие: cups of tea (шолји чај), mugs of filter coffee (шолји филтер кафе), mugs of instant coffee (шолји инстант кафе), cans of cola (лименки кола-газирани сокови), energy drinks (енергетски пијалаци), bars of plain chocolate (чоколадо), shots of espresso (шотови еспресо), cups of green tea (шолји зелен чај).

Потоа изберете ја количината How many? и пресметката ќе ви се покаже во Your caffeine intake. За возрасна личност препорачаната максимална доза на внес на кофеин изнесува 400 мг.