Колку треба да си будала за ова: Жена скокна преку оградата во зоолошката и провоцираше ТИГАР од 300 кила пред ѕверот брутално да ја нападне

Снимки го прикажуваат моментот кога тигар скока кон жена откако таа прескокнала ограда во зоолошката градина во Њу Џерси за да го провоцира огромниот ѕвер.

Во клипот, непознатата авантуристка се гледа како се обидува да го предизвика бенгалскиот тигар во зоолошката градина Cohanzick во Бричтон, така што ја турка раката низ жичената ограда.

Снимката покажува како тигарот се приближува за подобро да ја види пред да скокне и да ја замавне својата шепа кон жената, додека таа ја повлекува раката назад.

По оваа блиска средба, жената може да се види како небрежно се оддалечува и повторно скока преку оградата за да се врати на безбедно.

 

Полициската управа на Бричтон, која ја објави снимката во вторник, но не прецизираше кога се случил инцидентот, сега ја бара жената.

Џон Медика, директор за рекреација и јавни работи за градот Бричтон изјави: „Секое однесување на посетителите кое ги става животните, персоналот и членовите на јавноста во потенцијално опасна ситуација е неприфатливо и ќе биде соодветно санкционирано.“

Тигарот од скоро 300 кила е роден во 2016 година и е дониран на зоолошката градина Cohanzick од Северна Каролина. Тој е еден од двата браќа кои моментално живеат во ограденото подрачје. Според зоолошката градина, бенгалскиот тигар се смета за втор најголем тигар по сибирскиот тигар.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *