Колку високо ќе оди криптото во 2026, според мултимилионерот Раул Пал
Раул Пал, милионер и макро аналитичар, предупредува дека 2026 година нема да личи на ништо што досега сме виделе во финансискиот свет. Тој не зборува како крипто-инфлуенсер, туку како човек кој децении ги изучува ликвидноста, долгот и човечката психологија. Неговата прогноза е едноставна и вознемирувачка: нѐ очекува крајот на старите финансиски правила, и нова епоха каде трпеливите ќе бидат наградени, а алчните казнети.
Содржина:
- 2026 подразбира нови економски правила и најголемо рефинансирање на долгови во историјата
- Новата ликвидност тивко навлегува преку банки и фискални стимуланси и ги турка цените нагоре
- Altcoin сезоната доцни поради реални економски причини, а не поради манипулации
- ФОМО и алчноста ќе бидат најголемиот непријател за инвеститорите во 2026 година
- Само трпеливите и рационалните ќе ја преживеат 2026 и ќе избегнат самоуништување
2026 подразбира нови економски правила и најголемо рефинансирање на долгови во историјата
На 1 јануари, кога светот прави лични резолуции, Раул Пал зборува за историски финансиски промени. Тој открива дека моменталната слабост на крипто-пазарот не е крај на циклусот, туку класична корекција како што сме виделе во 2013, 2017 и 2021 година. Според него, клучот не е цената, туку глобалната ликвидност – кога има повеќе пари, средствата растат, а кога ликвидноста се суши, пазарот паѓа. Затоа за 2026 предвидува невидено големо рефинансирање на државните долгови. Владите ќе мораат или да печатат пари, или да дозволат системот да се распадне. “Ова нема врска со идеологија,” вели Пал. “Ова е математика.”
Новата ликвидност тивко навлегува преку банки и фискални стимуланси и ги турка цените нагоре
Раул Пал посочува детали што другите ги игнорираат: нови банкарски регулативи, олеснување на leverage ratio, притисок врз банките да апсорбираат државен долг. Сето тоа создава нова ликвидност, која тивко се влива во системот. Во комбинација со фискални стимуланси и политички интереси (силна економија пред избори), ова сценарио ги турка пазарите само во една насока – нагоре, без простор за пад. Така, се руши митот за четиригодишниот крипто-циклус – според Пал, тој наратив ќе „умре“ кога ликвидноста ќе продолжи да расте и по очекуотаниот крај на циклусот. Тој тврди дека ќе се зборува за „supercycle“, но предупредува дека тоа исто така е опасна илузија.
Altcoin сезоната доцни поради реални економски причини, а не поради манипулации
Клучното прашање за кое сите се прашуваат – кога ќе дојде altcoin сезоната? Раул Пал објаснува дека причината за доцнењето не е манипулација, туку економија. Altcoin-ите се еквивалент на малите акции – тие горат кога бизнис циклусот се подобрува, кога приходите растат и луѓето преземаат поголем ризик. Дури кога индексите на индустриска активност и приходите ќе скокнат, капиталот ќе се пренасочи од Биткоин кон altcoin-и. Но за 2026, Пал предупредува дека нема да биде како 2021 година: премногу проекти, премногу разводнување и само мал број altcoin-и ќе преживеат.
ФОМО и алчноста ќе бидат најголемиот непријател за инвеститорите во 2026 година
Во 2026 година, според Раул Пал, најголемиот непријател не е пазарот, туку FOMO – стравот од пропуштање. Тој предупредува: “Луѓе што ќе гледаат како некој прави 20x на социјалните мрежи ќе влетуваат предоцна. Луѓе што ќе користат leverage на екстремно волатилни средства. Луѓе што ќе мислат дека овој пат е поинаку.” Неговата филозофија е брутално едноставна: држи квалитет, не користи leverage и ако сакаш да шпекулираш, нека биде мал дел од портфолиото. “Ако ништо не правиш, ќе ги победиш 99% од луѓето,” додава тој.
Само трпеливите и рационалните ќе ја преживеат 2026 и ќе избегнат самоуништување
Раул Пал не ветува лесни пари или сигурни избори. Јасно вели: 2026 ќе ја награди трпеливоста и ќе ја казни алчноста. Најтешката задача во инвестирањето нема да биде да купиш, туку да го зачуваш сопствениот план и да избегнеш саморазорување. Многумина ќе сфатат дека трпението и рационалноста вредат повеќе од секој краткорочен профит.

Коментирај анонимно