Колку време трошиме на секојдневните работи во нашиот животен век
Сè – од ажурирање на социјалните медиуми до барањето место за паркирање – зазема дел од нашето драгоцено време. Но, скоро никој не знае точно колку време траат овие мали нешта во нашите животи.
И може да биде прилично изненадувачки, ако не и шокантно, да се види колку време луѓето трошат на различни активности без дури и да бидат свесни за тоа.
10. Заспивање: Луѓето поминуваат 7 години од животот обидувајќи се да заспијат
9. Барање паркинг: Одзема 248 дена од нашите животи
8. Шопинг: Просечна жена поминува околу 8,5 години од својот живот во купување
7. Диети: Жените поминуваат околу 17 години од животот на диети
6. Подготвување: Просечна жена поминува околу 136 дена од својот живот да се подготви, а на мажите 46 дена
5. Вежбање: Вежбаме само 1 година и 4 месеци од нашите животи
4. Време пред екран: Просечен човек поминува околу 11 години од нивниот живот зјапајќи во екранот
3. Седење: Луѓето седат околу 21 година од својот живот
2. Седење на вц школка: Седиме околу 92 дена од нашите животи на вц школката
1. Чекање во ред: Губиме околу 235 дена од нашите животи трпеливо (или нетрпеливо) додека чекаме во редови
Бонус: Четкање на забите
Експертите препорачуваат четкање на забите два пати на ден не помалку од 2 минути. Потребни се околу 79 дена во текот на животот. Но, според овие податоци, просечна личност поминува само 19 дена на оваа активност.