Колку заработуваат славните од еден пост на Инстаграм? Роналдо наплаќа 2.397.000 долари за пост, а дали знаете колку наплаќа Меси?

Познатите личности, актери, модели, спортисти, веќе заработуваат огромни пари работејќи го тоа што сакаат, но сето тоа носи плус бенефити. На пример во модерно време тоа ви носи меѓудругото голема популарност и на социјалните мрежи кои станаа еден од начините за заработка. Па така еве ја Инстаграм листата за првите 10 славни личности кои заработуваат најмногу од еден рекламен пост на Инстаграм.

#1 Кристијано Роналдо $2,397,000

#2 Кајли Џенер $1,835,000

 

#3 Лајонел Меси $1,777,000

 

#4 Селена Гомез $1,735,000

 

#5 Двејн Џонсон $1,713,000

 

#6 Ким Кардашијан $1,689,000

 

#7 Аријана Гранде $1,687,000

 

#8 Бијонсе $1,393,000

 

#9 Клои Кардашијан $1,320,000

 

#10 Кендал Џенер $1,290,000

Од другите спортисти Нејмар се наоѓа на 18 место и наплаќа $945.000, Леброн Џејмс на 24 место – $657.000, Дејвид Бекам е на 29 место – $397.000. Исто така Златан Ибрахимович е на 35 место – $290.000.

Џенифер Лопез се наоѓа на 13-то место – $1.130.000, а на 15 место е Ники Минаж со $1.031.000 и веднаш под неа Кети Пери со $1.029.000. Кевин Харт го зазема 20-тото место со $780.000, што во споредба со останатото горе почнува да изгледа малце. А Ријана 23 место -$700,000.

Убавицата Дуа Липа е на 26 место – $451.000, а Џиџи Хадид е малку подолу на 28 место – $403.000, додека пак Бела Хадид е на 50 место – $181.000.