Комбуха: Чудесната печурка што лечи?

Комбуха е ферментиран пијалок добиен од засладен црн или зелен чај, во кој се додава „чајна печурка“ – всушност симбиотска култура од квасец и бактерии (наречена SCOBY). Пијалокот е стар илјадници години и потекнува од Далечниот Исток, каде што се користел како природен лек за разни здравствени состојби.
При ферментација, чајот добива благо кисел вкус, богат е со органски киселини, ензими, пробиотици, витамини од групата Б и антиоксиданси. Затоа многумина веруваат дека комбухата има лековити својства и ја користат за поддршка на имунитетот, варењето, енергијата и општото здравје.

 

Комбуха: Чудесната печурка што лечи?

 

Придобивки од комбуха

 

1. Здравје на зглобови и мускули
Комбухата помага кај болки во зглобовите, артритис и воспаленија, особено кај активни луѓе како спортисти и танчери. Делува смирувачки на лигаменти и мускули.

2. Поддршка при респираторни заболувања
Луѓе кои страдаат од астма или бронхитис често пријавуваат подобрување при редовна консумација. Според холандскиот лекар Харниш, комбухата покажала добри резултати во третманот на бронхитис.

3. Регулација на крвен притисок и холестерол
Комбухата го намалува високиот крвен притисок, помага при високи нивоа на холестерол и го поддржува здравјето на срцето.

4. Подобрување на варењето
Комбухата ги ублажува гастроинтестиналните тегоби – надуеност, киселост, запек и дијареа. Ја обновува микрофлората во цревата и ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи.

5. Помош при замор и исцрпеност
Поради нејзиното дејство врз цревната флора и ензимскиот состав, комбухата ја зголемува енергијата и го намалува чувството на хроничен замор.

6. Безбедна при кандидијаза
Иако некои стравуваат дека комбухата ја влошува кандидијазата, тоа не е точно – квасецот во комбухата не е ист со габата Кандида, и не предизвикува преголема пролиферација.

7. Намалување на отоци
Комбухата го подобрува протокот на течности и го намалува отекувањето, особено кај лица кои имаат седечки начин на живот.8.

8. Поддршка кај мажи со намалена потенција
Со подобрување на циркулацијата и општата енергетска состојба на телото, комбухата може позитивно да влијае и врз машката сексуална функција.

 

 

  • tlover tonet напиша:

    I’ve recently started a site, the information you provide on this web site has helped me greatly. Thanks for all of your time & work.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *