Комичарка од Њујорк трчаше полумаратон во венчаница, со „една единствена“ идеја: „Можеби љубовта ме чека на целта“
На полумаратонот во Бруклин, 28-годишната комичарка Тес Трегелас привлече внимание трчајќи во венчаница. Но, таа не бегаше од венчавка – напротив, се шегуваше дека нејзиниот иден сопруг можеби ја чека на целта.
„На задниот дел од фустанот имав натпис „Само со надеж“, како шега на „Само што се венчав“, рече Трегелас. Иако не добила понуда за брак, таа уживала во вниманието, фотографирањето и разговорите со другите тркачи. „Се чувствував како славна личност. Жените беа воодушевени – и токму за нив го правам ова“.
Можеби нема љубов, но има забава
Ова не е првпат Трегелас да трча во венчаница – истото го направила и претходната година, како дел од нејзиниот хумористичен настап што го споделува со 203.000 следбеници на Инстаграм. Идејата почнала кога трчала по Западниот булевар во Менхетен облечена како невеста, „бркајќи ги згодните момци без маички“.
Иако сè уште нема љубовен успех, нејзината мисија е да внесе смеа и радост. Во јуни ќе настапи со соло шоу насловено „EPIC“ во Слипер Рум во Њујорк, инспирирано од нејзините романтични разочарувања. „Во свет на површни врски, јас сè уште верувам во нешто епско – а што е поепско од полумаратон во венчаница?“
Коментирај анонимно