Компаниите во Португалија може да се соочат со казни за контактирање на работници надвор од работното време
Работниците на далечина во Португалија би можеле да видат поздрав баланс помеѓу работата и животот според новите закони за работни односи одобрени од парламентот на земјата.
Новите правила одобрени во петокот се одговор на експлозијата на работата од дома како резултат на пандемијата СOVID-19, соопшти владејачката Социјалистичка партија во Португалија.
Според новите правила, работодавците би можеле да се соочат со казни за контактирање на работници надвор од работното време. Компаниите, исто така, ќе треба да помогнат во плаќањето на трошоците направени од работа на далечина, како што се повисоки сметки за струја и интернет.

Но, измените на законите за работни односи во Португалија имаат ограничувања: тие нема да важат за компании со помалку од десет вработени.
На работодавачите им е забрането и да ги надгледуваат своите вработени додека работат дома.
Компаниите, исто така, сега мора да придонесат за трошоците што работниците ги направиле како резултат на работа на далечина. Ова може да вклучува сметки за струја или интернет, но не и за вода. Работодавците можат да ги отпишат овие трошоци како деловен трошок.

Новите правила се добра вест и за родителите на мали деца. Тие сега имаат право да работат од дома без да мораат да се договорат однапред со нивните работодавци, додека нивното дете не наполни осум години.
И мерките за справување со осаменоста се вклучени во правилата за работа на далечина, при што се очекува компаниите да организираат состаноци лице в лице најмалку на секои два месеци.
