Компанија случајно му платила на вработен 367 пати повеќе отколку што требало, а „паметниот” потоа одбил да ги врати парите

Унгарец привремено се збогатил, откако компанијата во која работел случајно му платила 367 пати повеќе од заработеното. И кога работодавачот побарал враќање на парите, тој одбил.

Неименуваниот маж, кој потекнува од унгарскиот округ Сомоги, извесно време работел во компанија во Капошвар. За кратко време во компанијата, тој заработил 92.549 форинти, што изнесува 238 евра, но во знак на „неверојатна великодушност“, неговиот работодавец му префрлил 367 пати повеќе од таа сума. Всушност, тоа било само огромна грешка предизвикана од тоа што човекот обезбедил сметка во австриска банка, па платата морала да се плаќа во локална валута, евро. Само, наместо форинтите да ги претворат во евра, на среќникот наместо тоа му испратиле 92.549 евра.

 

 

Набргу откако ја сфатила грешката, унгарската компанија стапила во контакт со својот поранешен вработен и побарала од него да ги врати парите кои случајно биле префрлени на неговата банкарска сметка. Меѓутоа, мажот рекол дека повеќе нема пристап до австриска банкарска сметка, па не може да им ги префрли парите назад. Но, очигледно не завршило тука, а последователната полициска истрага открила дека човекот подигнал околу 15.500 евра во готовина од својата австриска сметка преку банкомат во јужна Унгарија и ги префрлил на друга банкарска сметка.

Со помош на окружното обвинителство во Капошвар, компанијата успеала да ја замрзне сметката на обвинетиот во австриската банка и да организира парите да се вратат на неговата банкарска сметка. Според Hvg.hu, компанијата досега вратила околу 72.000 евра, но се надева дека на крајот ќе ја добие целата сума.
Што се однесува до обвинетиот, тој се соочува со огромна парична казна за присвојување пари.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *