Компир салатата и ракијата (виц)
Компир салатата мирно си лежи во желудникот, кога наеднаш ракија доаѓа одозгора.
Компир салатата прашува:
– Која си ти?
Ракијата вели:
– Јас сум дупла лозова, Миле чести!
Доаѓа уште една ракија, повторно компир салатата прашува:
– Која си пак ти?
Ракијата вели:
– Јас сум дупла лозова, Миле чести!
Уште 5 пати доаѓа ракија, а потоа компир салатата вели:
– Значи ме направивте многу љубопитна – сега ќе одам да видам кој е тој Миле.