Комшиката го сака пакетот веднаш и е спремна да направи сѐ за да го добие
Човекот го земал пакетот од поштарот бидејќи комшиката не била дома, ѝ направил услуга и сега тој е виновен што е на работа. Ццц како се осмелил да отиде на работа?
„Зошто не ме почека? Зошто отиде на работа? Мене ми треба пакетот веднаш. Ако не дај некаде имаш ли клуч резервен да влезам. Или ако сакаш ако имаш отворен прозор ќе скокнам преку него? Нема да направам никаква штета, можам да се бутнам низ прозор. Јас некогаш ја оставам мојата задна врата отворена, дали можеби сега ти ја имаш оставено? Или можеби можеш да излезеш од работа да ми го дадеш пакетот. Што не ви даваат пауза на работа?“
Дечки ве молам АПЕЛ направете нешто за пакетот на госпоѓава.
Жената не разбира дека некој е на работа и дека треба да почека неколку часа. Што би направиле да имате ваква комшика?

Коментирај анонимно