Комунизмот не е мртов! Еве како партијата во Кина прослави 100 години постоење

Екстравагантното шоу беше исполнето со внимателно поставени сцени од комунистичката историја, почит на голем екран кон клучните водачи од Мао Це Тунг до Кси, 100 труби и овации од група кинески астронаути кои моментално се наоѓаат во вселената.

Но, во претставата беа изоставени непријатните поглавја од турбулентната понова историја на Кина, вклучувајќи глад, чистки за време на Културната револуција и сузбивање на студентските протести на плоштадот Тјенанмен и востанието за поддршка на демократијата во Хонг Конг.