Конечно е пронајден начин како да се открие водата под Марс: Што ова откритие може да ни донесе нам како човештво?

Во новиот извештај објавен во списанието „JGR Planets“, научниците од Државниот универзитет во Пенсилванија претставија нов метод за пребарување на подземните води на Марс.
Истражувањето, предводено од докторантот Нолан Рот, се потпираше на употребата на сеизмоелектрични сигнали – електромагнетни полиња генерирани кога сеизмичките бранови минуваат низ водоносни слоеви. Овој метод, прилагоден на условите на Марс, овозможува да се открие течна вода на длабочини недостапни за традиционалните технологии на Земјата.

 

 

 

„Знаеме дека Марс некогаш бил богат со водни ресурси, но голем дел од таа вода исчезнала со текот на времето“, вели Рот. „Сеизмоелектричната техника отвора ново поглавје во потрагата по скриени водоносни слоеви што може да постојат длабоко под површината на Марс“.

Научниците ги анализираа податоците добиени со сеизмометар од мисијата на НАСА „InSight Mars“, која беше поставена на површината на Марс во 2022 година. Комбинацијата на сеизмички и магнетни податоци може да укаже на присуство на течна вода.

„На Земјата, се соочуваме со проблемот на бучава во позадина поради изобилството на вода“, објаснува вонреден професор по геонауки и коавтор на студијата Тијуан Жу. „На Марс, каде што површинските слоеви се суви, можеме да добиеме почисти податоци, што ни овозможува подобро да ги карактеризираме водоносните слоеви“.

 

 

Истражувачите создадоа и модел на подповршината на Марс со водоносни слоеви за да ја симулираат работата на сеизмоелектричниот метод. Тие откриле дека можат успешно да го користат овој метод за да ги анализираат деталите за водоносните слоеви, вклучувајќи ја нивната дебелина и физичките и хемиските својства како што е соленоста.

„Овој метод не е само за Марс, туку може да се примени и за проучување на ледените океани на месечините на Јупитер“, додава Жу.

Следниот чекор за тимот ќе биде да ги анализира веќе собраните податоци од Марс, што може да доведе до нови откритија и подобрена технологија за пронаоѓање вода на други планети.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *