„Конечно некој што нѐ цени“ – Сајт за возрасни им нуди на незадоволните медицински сестри да заработат екстра пари
Поради штрајковите на медицинските сестри во Британија каде што имаше изјави дека работат и по 70 часа неделно за да можат да врзат крај со крај сајт за возрасни излезе со понуди за договори да заработат пари. „Окфанс“ рече дека секој што ќе се пријави за време на тековната индустриска акција ќе добие 100 отсто од нивната провизија.
Платформата за возрасни – ривал на OnlyFans – твитна за поддршка до здравствените работници и нивната порака беше прегледана над 189.000 пати.
„Нашата најголема поддршка е со медицинските сестри од Обединетото Кралство. Ако одлучите да штрајкувате, ние сме тука за вас. Како гест на солидарност, нудиме 100 отсто провизија за сите медицински сестри кои се придружат на Окфанс во ова време. Заедно, да ги поттикнеме и цениме вашите непроценливи придонеси“.
Кејли Винтерсон (26) и нејзината партнерка Емили Роуз (28) се откажале од работата како медицински сестри за да продаваат онлајн содржини за возрасни.
Двојката, од Норвич, заработувала 12 евра на час како медицински техничари за брза помош, но сега заработуваат четири пати поголема сума.
Кејли изјави за „Okfans.com“: „Сметаме дека е одлично што една страница го препознава напорот на медицинските сестри и персоналот. 100% тврдам дека оваа индустрија има навистина лоша репутација безпотребно. Но сепак мислам дека во следните 10 години ќе стане поприфатено во општеството“.
Кејли и Емили рекоа дека останале изгорени од работата во државното здравство. Тие работеле по 11 часови секој ден. Споровите за платите на медицинските сестри почнаа во октомври минатата година. Првите штрајкови се одржаа во декември, а потоа во јануари.
Коментирај анонимно