Конкурс за современи, кратки, детски приказни

Медиа Груп Мотика, Скопје, објавува конкурс за современи, кратки, детски приказни со ликовите на Миниминтите.

Миниминти се мали, но несмасни суперхерои, кои живеат во високотехнолошки развиен свет. Секој Миниминт има по една супер моќ.

Ја имате целата креативна слобода да измислите приказна за нивното потекло, каде живеат, како настанале и со какви згоди и незгоди се среќаваат во секојдневниот живот.

Бидејќи Миниминтите се несмасни, користењето на хумор разбирлив за децата е пожелно.

Најдолу ви ги прикажуваме главните типови на Миниминти, од кои можете да ги одберете хероите на вашата приказна и да им смислите соодветни супер моќи.

Миниминтите имаат и свои миленичиња, наречени МиниПетс, кои исто така се прикажани подолу.

Правила за учество

Секој пријавен кандидат треба да е државјанин на Република Македонија и со поднесувањето на пријавата се смета дека ги прифаќа следниве услови за учество:

  • Кандидатот чие креативно решение ќе биде наградено, ги отстапува сите авторски права на Медиа Груп Мотика ДООЕЛ Скопје.
  • Секој кандидат гарантира за оригиналноста на своето дело и ја презема целосната материјална и нематеријална одговорност за истото.
  • Пристигнатите приказни на овој конкурс, не смеат да бидат претходно објавувани.

Технички спецификации

Авторите треба да испратат текст во должина од најмногу 6500 карактери или 1200 зборови што одговараат на 3,5 страници во „Ворд“ (MS Word).

Рок

Сите заинтересирани автори треба да ги испратат своите приказни на адресата minimintsnft@gmail.com , најдоцна до 25 декември 2021 година.

Награди

Жири-комисија од тројца членови ќе ги прегледува пристигнатите дела, кои ќе им бидат предадени со шифрирани коверти по завршувањето на конкурсот.

Комисијата ќе одбере тројца победници, кои ќе бидат наградени со парични награди од

  • 20.000 денари за прво место
  • 18.000 денари за второ место
  • 15.000 денари за трето место

Останатите приказни кои ќе ги задоволат критериумите за квалитет исто така ќе бидат откупени.

Прашања

Доколку имате одредени нејаснотии, слободно пишете ни на minimintsnft@gmail.com или на https://facebook.com/motika.com.mk.