Конор Мек Грегор го постигна невозможното со своите напорни тренинзи за да се врати во форма по тешката повреда

Конор Мек Грегор успеа да накачи неверојатни 15 килограми мускулна маса за само шест месеци додека се подготвува за неговото враќање во UFC, а експертите инсистираат дека оваа бројка е речиси невозможна да се постигне за повеќето луѓе.

Ирецот сака да се врати во спортот по неговиот шокантен пораз од Дастин Поаре во јули, каде што се здоби скршеница на ногата.

Благодарение на специјалниот тренинг и режим на исхрана, тој успеа да накачи 15 килограми мускулна маса за период од само шест месеци , според неговиот личен тренер Алехандро Селдран.

Селдран ја откри специјалната диета и планот за вежбање на Ирецот минатата недела, кога зборуваше за тоа колку мускулна маса накачил Мек Грегор во исчекување на неговата следна борба.

Селдран тврди дека трансформацијата на Мек Грегор се должи на многу тренинзи со хипертрофија, слободни тежини и шест внимателно обмислени оброци дневно кои се прилагодени на неговото тело.

Не е првпат Мек Грегор да мора да мине низ радикални трансформации на телото за да се натпреварува, со оглед на тоа што се искачи низ повеќе класи на тежина во UFC за да го зацврсти своето место како еден од најдобрите ММА борци во последниве години.

И додека неговата трансформација е неверојатна, фитнес експертите предупредуваат дека просечен човек не треба да очекува да оствари слични резултати во толку краток временски период.

Освен ако не сте професионален борец, повеќето посетители на теретана кои сакаат да накачат мускулна маса треба да очекуваат скромни резултати и да бидат задоволни околу еден до два  килограми мускулна маса месечно, дури и ако вашата исхрана и вежбање се одлични.

Така, во период од шест месеци, повеќето луѓе накачуваат од три до шест килограми мускулна маса, во зависност од голем број фактори како што се исхраната, режимот на вежбање, возраста, генетиката и големината на телото.