Контроверзниот Канје Вест легално си го промени името по втор пат
Контроверзниот музичар и дизајнер Канjе Вест, кој во 2021 година официјално го смени името во „Ye“, сега, според некои извештаи, повторно го променил. Според Page Six, неговиот финансиски директор Хусеин Лалани поднел нови документи во Калифорнија под името „Ye Ye“, што се појавува на деловна документација за неколку компании, вклучувајќи ги Yeezy Apparel и Getting Out Our Dreams Inc.
Оваа вест доаѓа по серија скандали со Вест. Во февруари, тој предизвика бурни реакции со антисемитски изјави на социјалната мрежа X, изразувајќи симпатии кон Хитлер и објавувајќи песна насловена „Heil Hitler“, додека на неговата веб-страница се појавија производи со свастики. Истовремено, се шпекулираше за неговата разделба со сопругата Бjанка Ценсори, со која се појави на Греми наградите, каде таа носеше провокативна креација дизајнирана од него.
Нов Канје?
Во мај, Вест објави неколку твитови со покајнички тон, наведувајќи: „Завршив со антисемитизмот. Боже, прости ми за болката што сум ја предизвикал.“ Тој истакна дека разговор преку FaceTime со неговите деца му ја променил перспективата.
Иако „Ye“ сè уште не го потврдил јавно новото име „Ye Ye“, претходно најави дека ќе престане да го користи стариот Twitter-профил и ќе започне нов, под новото име.
Во март 2024, неговиот шеф на кабинетот, Мило Јанополус, испратил писмо до медиумите барајќи Вест да биде нарекуван само „Ye“. Тој истакнал дека ова име е дел од неговата самодефиниција, нарекувајќи го „робовско“ старото име и барајќи сите платформи да го прифатат променетиот идентитет.
Сè уште се чека официјална потврда од претставниците на Вест за новата промена на идентитетот.
Коментирај анонимно