Корените ѝ се од Дебар: Бебе Реџа го покажа балканското во себе со својата бавча

Блета Бебе Реџа е албанско-македонска пејачка и текстописец. Таа пред неколку години се прослави во САД и нејзината популарност постојано расте. Таа дене објави на својот Инстаграм стори од рурално место каде што таа си ја наводнува бавчата.

Бебе Реџа е родена на 30 август 1989 година во Бруклин, САД од родители Албанци, со потекло од Дебар, Македонија. Таа има и американско и македонско државјанство.