Корисни совети за како да го контролирате и искористите своето тело

Често се чувствуваме како работите да ни се лизгаат од раце. Но, најдоброто нешто за да се врати контролата над животот е да се започне со сопственото тело.

Благодарение на Енди Џанг и неговите TokTok видеа „Трикови што ви даваат моќ над сопственото тело“, сега можеме да започнеме од ситници.

  • Ако се чуствувате поспани кога не треба да спиете, обидете се да го задржите здивот колку што можете подолго. Ова го зголемува срцевиот ритам и протокот на крв, правејќи ве побудни.

 

  • Ако ви е многу жешко или вашето тело е пред прегревање, истурете ладна вода на зглобовите, ова помага да се олади целото тело.

  • Ако многу ве чеша убод од комарец, ставањето дезодоранс на него може да помогне да се справите со иритацијата.

 

  • Ако некогаш ви се „здрви“ раката, сè што треба да направите е да ја протресете неколку секунди и чувството ќе исчезне.

  • Ако некогаш почувствувате дека ви се повраќа кога јадете, го четкате јазикот или правите нешто друго, буквално сè што треба да направите е да го фатите левиот палец во раката и гадењето ќе престане.

 

  • Ако сакате да запомните нешто полесно, треба да мислите на тоа пред да си легнете.

  • Ако некогаш учите во последен момент, земете гума за џвакање. Ова ќе ги подобри вашата меморија, внимание и когнитивни вештини околу 20-тина минути.

 

  • Ако почуствувате дека ве чеша носот и сакате да кивнете, но не можете, обидете се да погледнете во многу силна светлина.

  • Ако џвакате гума за џвакање кога полетува или слетува авионот, тоа помага да се изедначи притисокот во ушите.

 

  • Ако почувствувате чешање во грлото, почешајте се позади уво.

  • Ако некогаш се најдете во ситуација кога навистина треба да одите во тоалет, но нема тоалет наоколу, силно почешајте го листот. Со ова му го одвлекувате вниманието на мозокот за да имате повеќе време да најдете тоалет.