Корисниците на Tripadvisor ги избраа 10-те најдобри места за патување во светот

Корисниците оценуваат сместување, ресторани и туристички атракции во секоја атракција во текот на 12 месеци – во овој случај од 1 ноември 2020 година до 31 октомври 2021 година.

Дубаи беше оценет како најдобра дестинација за патување во светот во 2021 година од корисниците на Tripadvisor. Секоја година, популарната онлајн-платформа за патување доделува награди за избор на патници (Travellers’ Choice) врз основа на квалитетот и квантитетот на корисници на Tripadvisor.

Дубаи е прогласен за најдобра дестинација „за комбинирање на модерната култура со историјата, авантура со шопинг и забава од светска класа. , можете да лебдите над пустинските дини во балон со топол воздух, да возите со голема брзина во IMG World of Adventure или да скокате со падобран над Палма Џумера“, напишаа тие на Tripadvisor.

На второто место на топ-листата на најдобро оценети дестинации во 2021 година беше Лондон, кој беше прогласен и за најдобра дестинација во Европа. Мексико е претставено со двајца претставници – Канкун на третото место и Кабо Сан Лукас на седмото место.

На четвртото место се најде Бали во Индонезија, кој минатата година беше победник на Travelers’ Choice Tripadvisor. Во првите десет се најдоа и грчкиот остров Крит, Рим, Париз, Истанбул во Турција и египетската Хургада.

Топ 10 оценети туристички дестинации за корисниците на Tripadvisor за 2021 година:

Дубаи, ОАЕ
Лондон, Обединето Кралство
Канкун, Мексико
Бали, Индонезија
Крит, Грција
Рим, Италија,
Кабо Сан Лукас, Мексико
Истанбул, Турција
Париз, Франција
Хургада, Египет

Travelers’ Choice додели награди и за Trending дестинации, односно места кои бележат нагло зголемување на прегледите на Tripadvisor во последната година. На врвот на оваа скала е шпанскиот остров Мајорка, кој нуди живописни плажи и одлична архитектура, а потоа следат Каиро, Родос и Тулум во Мексико.

Во категоријата најдобро место за посета поради одличната храна и пијалоци, Рим го зазеде првото место, додека Националниот парк Аренал вулкан во Костарика е прогласен за најдобро место за посета за ентузијасти на отворено.