Корона или не, бинго мора да се игра, а еден сосед најде одличен начин како да го спроведе тоа

Енди Вигинс (46) стана мајстор за бинго во неговата улица во Велс, со помош на неговата сопруга Вики (49) и двете ќерки 18-годишната Мили и 13-годишната Мејси. Енди испечатил десетици „бинго ливчиња“ и давал „вредни награди“ како што е на пример тоалетна хартија.

Таткото и неговото семејство сакале да ги развеселат луѓето, особено повозрасните. Така тие со звучник на прозорецот почнале да играат бинго со целото соседство, а наградите подоцна им ги доставиле Мејси секако откако првин ги дезинфицирале.