Косата на 35-годишната Јапонка веќе 15 години не видела ножици и тоа е само почеток
Рин Камбе има 35 години, а изгледа како 20-годишна девојка. Покрај младешкиот изглед, нејзината долга коса исто така привлекува внимание. Рин не ја стрижела косата од својата дваесетта година и планира да не ја стриже никогаш. Иако имала различни периоди во животот – еднаш носела кратка руса фризура со розови врвови на прамените, сега девојката изгледа како лик на типичен азиски хорор филм и смета дека го пронашла својот совршен изглед.
За долгата коса го добила прекарот Рапунзел. Кога ќе се одвитка цела, таа допира до подот, бидејќи должината ѝ е 190 сантиметри! Инаку, Рин е една фина, љубезна девојка од Токио, со отворен ум. Таа е многу активна на Инстаграм каде што има 33 илјади следбеници.
Како што вели самата Рин, таа се откажала од кратењето на косата во моментот кога започнала да го практикува будизмот. За да го зачува квалитетот на косата, таа внимава на исхраната двојно повеќе, бидејќи недостатокот на хранливи материи во организмот се рефлектира на изгледот на фризурата пред се.




















