Коска си е коска! Кучиња случајно открија скелет стар 150 милиони години од периодот Јура

Кучињата се познати по нивната љубов кон коските иако еден сопственик на миленичиња бил шокиран кога неговите песови пронашле цел древен скелет од животно кое потекнува од периодот Јура.

Џон Гопсил се шетал по плажата заедно со своите две кучиња Попи и Сем на брегот на Столфорд, Сомерсет.

Тој ги однел кучињата да се играат кај некои карпи затоа што тие сакале секогаш да се играат во тој предел. Џон иако често ги носи милениците на плажа неодамнешните бури се „поиграле“ со пејсажот и 54-годишникот наиде на скелетот додека ги следеше своите кучиња.

Фосилот со должина од 167 сантиметри сè уште не е официјално датиран, но се смета дека му припаѓал на ихтиосаурус, праисториски морски цицач кој живеел за време на периодот Јура, од 199,6 милиони до 145,5 милиони години.

Џон веднаш препознал дека се работи за нешто многу старо бидејќи и самиот е археолог аматер и има придонесено за неколку откритија, иако ова е дефинитивно еден од неговите најимпресивни.

Тој го фотографирал слекетот и ги известил Somerset Heritage како и музејот. Допрва треба да бидат направени детални анализи врз скелетот.