Ковчег со богатство вредно над 1 милион долари е пронајден по една декада трагање по Карпестите планини

Ковчег со богатство вредно над 1 милион долари конечно е пронајден на Карпестите планини во САД. Најмалку пет мажи го загубија животот барајќи го овој ковчег.

Во ковчегот има ретки монети, грутки злато, антички накит и многу повеќе. Всушност потрагата по ковчегот е масло на еден човек.

Во 2010 година ексцентричниот трговец со уметност Форест Фен одлучил да го сокрие ковчегот и така привлекол илјадници ловци на богатство, за кое што некои и ги загубиле животите. Фен, кој го објави ловот на богатството во своите мемоари од 2010 година, рече дека маж од „истокот“ го пронашол ковчегот пред неколку дена.

89-годишник се одлучил да не ја открие точната локација каде е пронајдено богатството, иако тврди дека ковчегот не бил преместен ниту еднаш од местото каде што го сокрил пред 10 години.

„Беше под крошната на ѕвездите во бујна, пошумена вегетација на Карпестите Планини и не се пресели од местото каде што го сокрив пред повеќе од 10 години. Не ја познавам личноста која го пронајде, но песната во мојата книга го доведе до точно место.“, вели Форест.

Фен го најави ловот на богатството во форма на песна со 24 стиха со наслов „Возбудата од потерата“ која беше објавена во неговата книга во 2010 година. Сепак, тој најпрво дојде до идеја да направи вакво нешто откако му биле дадени само 20% шанса да преживее откако бил дијагностициран со карцином во 1988 година.

Песната вклучуваше навестувања како „запрените топли води“, „пожарот“ и „кањонот надолу“, кои ги натераја трагачите на богатството во различни делови на планините преку Колорадо, Ново Мексико, Монтана и Вајоминг.

За жал, најмалку пет лица ги загубија животите додека се обидоа да го пронајдат ковчегот, од кои најновиот е 53-годишниот Мајкл Сексон, кој почина во март оваа година. Во 2016 година Ренди Билиу почина, додека Џеф Марфи, Пастор Парис Валис и Ерик Ешби сите починаа при потрагата во 2017.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.