Ковидиот кој купил 4.800 ролни тоалет сакал да ги врати, но добил соодветен одговор од менаџерот

Еден менаџер на супермаркет во Австралија јавно посрамоти ковидиот кој купил 4.800 ролни тоалет хартија и 150 пакувања антибактериски гел. Менаџерот на супермаркетите Дрејкс со седиште во Аделаид, Џон-Пол Дрејк му покажа што мисли за луѓето како овој човек преку видео објавено на Јутуб.

Мажот, наводно, сакал да му ги вратат парите и да ја врати робата откако не успеал да ги препродаде сите. Човекот ја купил стоката со цел да ја продава по „надувани цени“, односно со надеж дека ќе профитира од очајот на луѓето. Сепак планот не му одел во правецот во кој тој посакувал и останал со стока вредна околу 10.000 долари.

Џон објаснува дека човекот ја купил стоката со помош на „тим“ на луѓе кои очигледно си имале договор да профитираат за време на пандемијата. Менаџерот вели дека однесувањето на овој човек е срамно и дека вакви луѓе ги прават најголемите проблеми во државата. Пораката исто така ја „зачини“ и со покажување на средниот прст за „купувачот“.