Крадците во гаражата и полицијата (виц)
Доцна во ноќта, еден човек слушнал звуци од неговата гаража. Погледнал преку прозорецот што се случува и видел група крадци како влегуваат во неговата гаража.
Веднаш го грабнал телефонот и се јавил во полиција:
– Ало, полиција! Ве молам дојдете веднаш, има крадци во мојата гаража!
– Ве молиме почекајте, во моментов немаме слободни автомобили за да дојдеме кај вас. Ќе ви испратиме автомобил што е можно поскоро – му одговориле од полицијата и ја спуштиле слушалката.
Човекот се загрижил и не знаел што да прави. По некое време пак се повикува во полиција:
– Здраво, јас сум истиот човек што ви се јави пред малку за крадците во гаражата. Не брзајте. Ги застрелав сите!
Една минута подоцна на адресата пристигнале 6 полициски автомобили и хеликоптер.
Полицајците ја отвориле гаражата и ги виделе крадците, кои во тој момент ги земале работите на човекот.
– Абе ти, нели рече дека сите си ги застрелал? – прашале налутено полицајците.
– А вие нели рековте дека немате автомобили?
Коментирај анонимно