Крадец ѝ го украл автомобилот заедно со нејзиното дете, но таа не очекувала ваква животна лекција

Никој не очекува дека ќе им го украдат автомобилот, но оваа ситуација е уште поневообичаена. Кога ќе ви го украдат автомобилот најмлаку што очекувате е дека крадецот ќе се врати и ќе ви одржи лекција. Но, токму тоа ѝ се случило на Кристал Лири.

Кристал од Бевертон, САД, заминала да пазари заедно со нејзиниот 4-годишен син. Таа автомобилот го оставила да работи, а исто така во него го оставила и малото дете со намера да се врати за неколку минути. Но, кога излегла надвор автомобилот ѝ го немало како и детето.

Сепак додека да добие време да испаничи забележала дека автомобилот се враќа. Од него излегол крадецот и ѝ го оставил 4-годишното момче. Потоа тој почнал да ја критикува како неодоговорен родител, затоа што го оставила детето во автомобилот па дури и ѝ запретил дека ќе ѝ повика полиција.

„Како мајки, навистина стануваме зафатени и мислиме дека излегуваме само на секунда и ова е само совршен пример за спуштање на штитот и каква штета можеше тоа да донесе. Благодарна сум што се е добро. Беше толку глупаво и никогаш повеќе нема да го сторам тоа, но таа одлука за дел од секундата може да промени сè.“, вели Кристал.

Додека Лири можеби научи важна лекција, тешко дека ова ќе ја промени ситуацијата за криминалецот. Самиот автомобил веќе е пронајден во Портланд по осумчасовно пребарување, но полицијата сè уште трага по маж, белец, со долга, темно кафеава, плетена коса. Карактеристиките на лицето на крадецот не можат да бидат детални, бидејќи тој носел маска.