Крадец се напил додека ограбувал ресторан, па заборавил зошто е таму

Сите ние сме направиле нешто глупаво во животот, но овој „фраер“ нѐ надминува сите, дефинитивно. Неидентификуван маж се напил додека ограбувал ресторан во Хантсвил, Алабама и како последица заборавил да ги земе парите кои сакал да ги украде. Исто така си го заборавил и алкохолот, кој планирал да го земе со себе.

За среќа во ресторанот Phat Sammy’s имало безбедносни камери, па освен што можеле да го видат крадецот, можеле и слатко да се насмејат на неговата неспособност.

Тој кога сфатил дека има камери решил да се маскира и вработенте велат дека од алкохолот кој го испил и паниката која го фатила заборавил најголем дел од парите.

Персоналот од ресторанот сетоа ова го сфатил со голема доза на хумор па дури и му порачале на „пиратот“, да го потроши пленот во некој друг бар на алкохол. Со „главниот ограбувач“ имало и уште една личност, најверојатно неговиот најдобар пријател затоа што имале исти тетоважи на ногата.