„Крадец се обиде да ми го украде телефонот во „Тако Бел“, но не знаеше дека имам виолетов појас во џиу џитсу – тогаш сфати со кој си има работа“
Шокантно видео го снима моментот кога адвокат кој практикува џиу-џицу соборува крадец во „Тако Бел“ во Њујорк. Кајл (28) уживал во кесадиља со сирење во „Taco Bell“ на во Квинс кога крадецот се обидел да му го украде телефонот. Без да знае измамникот, адвокатот имал виолетов појас во бразилско џиу-џицу и го спречил нападот.
Снимката од безбедносните камери покажува како Кајл веднаш го турка крадецот на земја кога се обидува да му го грабне телефонот.
„Тој го сакаше мојот телефон. Тој дојде зад мене и ми бараше пари или нешто слично. Му реков не, а тој се врати и се нафрли по мојот телефон. Тој всушност случајно направи скриншот за да го имам точното време кога се случи тоа“.
Кајл јадел на шалтерското седиште до вратата, кога крадецот се обидел да го фати телефонот на мажот со едната рака, а со другата ја држел вратата за да излезе побрзо.
„Видов дека тој само го сака мојот телефон и дека не е подготвен повеќе да се бори, па го пуштив да си оди“, рече Кајл.
„Полицајците никогаш не дојдоа, но не ни имаше потреба. Јас сум виолетов појас, почнав во јануари 2018 година. Она што ми се вртеше низ мислите веројатно беше размислувањето дека треба да го соборам овој човек, а потоа сфатив дека можам“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Мислите му дојде памето? Откако „поштено го пушти“, од тука, сега ќе фати во соседниот кафич и ќе му го украде мобилнио на друг адвокат кој нема појас, туку носи кожен каиш на панталоната!
Коментирај анонимно