Крадецот на луксузното Ferrari вредно 400.000 долари предизвика огромна експлозија и прекин на струја во Мајами откако со голема брзина удри во бандера додека бегаше од полицијата
Бркањето со голема брзина низ улиците на Мајами заврши со драматична експлозија и прекин на струја, откако крадец ја изгуби контролата над украденото Ferrari и удри директно во електричен столб. Инцидентот се случил рано наутро, на 16 декември, кога 28-годишниот Дешон Прендергаст со украденото сиво Ferrari вредно повеќе од 400.000 долари се вклучил во спектакуларна полициска потера. Кога ги слушнал сирените и блескањето на светлата зад себе, Прендергаст се обидел да избега, но се судрил со полициско возило, изгубил контрола и се забил во дрвен столб, кој паднал врз автомобилот и продрел низ прозорецот. Експлозијата била толку силна, што предизвикала прекин на електричната енергија во населбата Брикел, според NBC Miami.

Содржина:
- Прендергаст чудесно останал речиси неповреден и се обидел да побегне пеш, но брзо бил фатен од полицијата
- Сведоци го снимија драматичното бркање, а сопственичката го лоцирала украденото Ferrari преку апликација
- Полицијата брзо го фатила Прендергаст кој излегол пред суд, а Ferrari-то и Rolls Royce-от биле пронајдени
Прендергаст чудесно останал речиси неповреден и се обидел да побегне пеш, но брзо бил фатен од полицијата
И покрај спектакуларниот судар и огнометот, Прендергаст чудесно останал скоро неповреден. Тој се обидел да побегне пешки и се криел во блискиот станбен комплекс, но наскоро се предал на полицијата во Мајами. По настанот, Прендергаст бил пренесен во болницата Џексон Мемориал, каде што му била укажана помош за мали исеченици. Потоа бил приведен во затворот на округот Мајами-Дејд и обвинет за тешка кражба на возило, како и за бегање и избегнување на полицијата. Оштетеното Ferrari било одвлечено од местото на несреќата. Претставничката на полицијата, Киара Делва, потврди дека нема повредени минувачи: „Ова можеше да се претвори во вистинска трагедија, затоа сме навистина благодарни што сторителот е уапсен и сега можеме соодветно да го обвиниме“ – изјави таа за WSVN.

Сведоци го снимија драматичното бркање, а сопственичката го лоцирала украденото Ferrari преку апликација
Очевидци биле шокирани од возбудливата потера – многумина го снимиле настанот од своите балкони. Михаел Северино, кој го гледал инцидентот од 25-тиот кат, рече: „Сѐ се случи толку брзо. Само снимав нешто за Инстаграм кога, одеднаш, видов цела полициска потера. Ferrari-то удри во полициското возило, почна да лизга и изгуби контрола, па се заби во бандерата.“ Сопственичката на луксузниот автомобил изјавила дека нејзиното сиво Ferrari Purosangue 2024 исчезнало откако го предала на компанија за транспорт заедно со својот Rolls Royce. Таа се обидела да стапи во контакт со фирмата, но немала успех, по што случајот го пријавила во полиција. Полицајците подоцна со помош на GPS локација успеале да го најдат Ferrari-то и да започнат потера по крадецот.
Полицијата брзо го фатила Прендергаст кој излегол пред суд, а Ferrari-то и Rolls Royce-от биле пронајдени
Официјалните лица забележале како Прендергаст се качува во украденото Ferrari и се обидува да избега, по што поставиле обрач за да го сопрат. Прендергаст излегол пред суд на 17 декември, откако платил кауција и бил пуштен следниот ден. Сопственичката изјавила дека успеала да им ја испрати точната локација на својот автомобил на полицајците, кои на крајот ги дошле и до двата нејзини автомобили – Ferrari-то и Rolls Royce-от. Во сообраќајната несреќа, нема загинати или тешко повредени лица.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Ovoj da me kaci u kola ke me mava so tuce pari po GS i toa kradeni pari… Ufff celata se naeziv a gzot me zacesa…
Коментирај анонимно