Крадец влегол во домот на 82-годишна пензионерка и многу брзо зажалил за тоа
Сите слушаме дека најчестата мета на крадците се пензионерите. Затоа што тие се претпоставуваат дека се работи за стари и изнемоштени лица кои лесно ќе можат да ги совладат доколку дојде до физичка пресметка.
Така мислел и 29-годишниот крадец кој влегол во домот на 82-годишната пензионерка, Вили Марфи од Њујорк.
Она што не го знаел крадецот е дека Вили всушност е бодибилдерка. Бабата се подготвувала за кревет кога го слушнала непознатиот маж пред куќата. Тој викал и ја молел Вили да го пушти внатре и да викне брза помош затоа што „му се лошело“. Сепак Вили била претпазлива и веднаш повикала полиција, затоа што го слушнала како го крши стаклото на нејзината влезна врата.
Вили е наградувана бодибилдерка и таа сѐ уште може да крени и до 102 килограми. Кога крадецот влегол во домот, Вили успеала да се сокрие и го грабнала најсоодветното нешто што и било при рака, масата. Откако го удрила со масата, земала шише шампон и му го истурила во очите. Потоа бабата ја земала метлата и почнала да го удира крадецот.
За среќа, на крадецот, полицијата пристигнала и кутриот бил однесен во болница. Наредниот ден Вили веќе била во теретана.