Крадецот сакаше да ограби автобус, но испадна дека е најопасен сам за себе

Обидот за разбојништво се случил во градски автобус во општината Тлајмолко де Зунига во западната мексиканска држава Халиско. Снимка направена преку надзорна камера во автобусот ги зачуди сите поради „професионалноста“ на крадецот.

Всушност во автобусот влегуваат двајца крадци, но едниот седнува, а другиот стои и се обидува да ги заплаши сите со својот пиштол. Сепак пиштолот му се заглавува и тој не може да го извади, а за да биде уште полошо тој случајно пука. Тој и неговиот пријател излегуваат на следната станица и не се знае дали полицијата ги уапсила.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!