Кралицата издаде свој алкохол, подледнете колку чини чаша „кралско просеко“
Без разлика дали се работи за свадба, забава или празничен период, просекото стана омилено за многу луѓе низ светот. Всушност, според истражувањето,1355 милиони литри просеко биле продадени на Британци во 2017 година, тоа е третина од годишната глобална понуда.
Оваа празнична сезона, љубителите на пијалокот можат да уживаат во него, но со мал кралски пресврт бидејќи кралицата издаде своето „екстра суво“ просеко.
Шишињата од 200 ml, кои се доволни за да се наполни една чаша, имаат празнична етикета со зеленика и ќе ви вратат 17 евра.
Вработен во палатата Сандрингем рече дека „просекото има прилично висока цена, но лета од полиците“.
Претходно беше потврдено дека кралицата нема да го помине Божиќ во Сандрингам оваа година, како што е обично традиција, наместо тоа таа одлучи да ги помине прославите во Виндзор со принцот од Велс и војвотката од Корнвол.
На нејзиното височество се очекува да им се придружат и принцот Ендру и неговото семејство, принцезата Ана и нејзиниот сопруг Сер Тимоти Лоренс и принцот Едвард и неговата сопруга Софи за време на празниците.