Креативни дизајнери изработуваат мебел од пластичниот отпад од океанот

Пластиката ги уништува нашите океани со децении, ја загадува водата и му штети на морскиот живот. Сега, дизајнерите пронајдоа совршен начин за повторно користење на пластиката. Иновативните дизајнери активно собираат пластика од морињата и плажите за да можат од тоа да создадат современ мебел. Едни од нив се Александар Гроувс и Азуза Мураками. Тие станале свесни за проблемот со пластиката во водата пред 8 години кога биле на факултет.

Отпрвин тие почнале да го собираат ѓубрето кое завршувало во мрежите на рибарите во Источен Сасекс, но сега тие во голема мерка го собираат материјалот од плажите бидејќи, како што велат тие „неверојатно е тешко да се собере директно од морето“. Она што првично започнало како дипломски труд на факултет, заврши како еден од најиновативнитѕе еколошки проекти.

Нивното „Studio Swine“ оттогаш користеше кампања за собирање на средства во „Кикстартер“ за финансирање на патувањата на истражувачкиот брод „Sea Dragon“. Тој плови околу Азорските Острови до Канарските Острови и го собира ѓубрето од океанот.

Додека тие масовно не ги произведуваат столчињата и нивната работа може претежно да се најде во музеи отколку во домовите на луѓето, Гроувс вели дека нивната намера е да создадат „масовна комуникација“ со нивните дизајни и да ја подигнат свеста за проблемот.

Некој друг кој користи пластика од океанот за мебел е данскиот производител „Матер“, кој неодамна ги креираше градинарската столица и маса. Оригиналниот дизајн на столчињата е креиран во 1955 година и бил изработен од иверица и челик. Дени Дизел, ќерка на парот што го создаде оригиналното столче, го лиценцирала „Ocean to Mater“ во 2018 година. Сега, наместо иверица и челик, столчињата се направени од пластика од користени мрежи за риболов и јажиња кои инаку би биле фрлени на море.