Креирана е веб-страна која ја симулира болката од вчитување на интернетот во 90-тите години

Носталгијата за 90-тите години на минатиот век е прилично честа, но една нова веб-страница враќа еден дел од деценијата што всушност би биле прилично среќни да ја оставиме во минатото – супер бавен интернет. Веб-дизајнер создаде страница што симулира брзини на вчитување на раните денови на Интернет и тоа е прилично болно искуство.

За жал, страницата не ги содржи оние класични звуци за dial-up Интернет од нашата младост, но е точна реплика на тоа како беше да седите пред компјутер солидни две минути, само чекајќи да се вчита една слика. Како што предупредува креаторот Теренс Едер, ќе мора да бидете трпеливи. Веб-страницата, која првично беше креирана како еден вид на едукативна HTML-алатка се вчитува за „цела вечност“.

Самата почетна страница е лекција за историја на битови, објаснувајќи како било во старите денови, кога никој не мислел дека интернетот некогаш ќе биде побрз. За да пристапите до веб-страната кликнете ТУКА и бидете многу трпеливи, како што некогаш сте биле.