„Крејзи Фрог“ се враќа на сцената, а помладите генерации не можат да веруваат дека „малиот детаљ“ на жабата бил одобрен за емитување

Во 2005 година, модерната музика беше променета засекогаш со „Крејзи Фрог“, некогаш позната како „The Annoying Thing, Аксел Ф“. Ремиксот на песната на Харолд Фалтермајер првично создаден за  филмот „Полицаецот од Беверли Хилс“, беше светски хит  каков што никој не можеше да предвиди, предизвикувајќи бескраен бран впечатоци.

Се разбира, контроверзите на ликот не беа само во однос на тоа колку тој стана досаден, тука и еден мал, но доволно видлив додаток.


Кога песната првично беше објавена, Управата за стандарди за рекламирање доби голем број поплаки за половиот орган на жабата. Иако жалбите не беа уважени, видеото на крајот беше доброволно цензурирано, а гениталиите на жабата никаде ги немаше.

По 16 години, Крејзи Фрог ќе се врати на 10 декември со збир на класични песни инспирирани од трендовите на TikTok.

Волфганг Бос, претседател на A&R за Sony Music, рече: „Кога започнавме со Крејзи Фрог, немаше TikTok, тој не постоеше. Но, во моментов TikTok е многу популарен. Во основа, тоа е платформа број еден за луѓето да споделуваат нова музика и смешни работи поврзани со музиката“.

Неговото неочекувано враќање ги потсети луѓето дека „лудата жабата“ со гордост ги истакнуваше своите гениталии пред сите, а помладите генерации не можат да поверувааат дека тоа било дозволено.


„Почекајте дали „лудата жаба“ има мал п*нис ШТО“, напиша еден корисник на Твитер.

„Ја нарекуваа „луда жаба“ затоа што секогаш го покажуваше тој мал п*нис“, напиша друг.

„Се прашувам каков би бил животот со тој п*нис на лудата жаба… дали бил лил динг динг“, се пошегувал трет.

Не грижете се, Бос потврди дека „во новото видео „Крејзи Фрог“ ќе биде како во минатото, со п*нис… но ќе мораме повторно да направиме цензурирана верзија бидејќи американските медиуми нема да ја прикажат оригиналната верзија“.