„Кревав тегови и редовно вежбав во текот на целата бременост за после да можам брзо да се вратам во форма. Лекарите се во заблуда дека треба да одмараме“
Изабела Симонсон (31) од Копенхаген, Данска, отсекогаш била активна и знаела дека сака да остане во тек со рутината за вежбање кога дознала дека е бремена со своето прво бебе.
Идната мајка продолжила да изведува мртво кревање од 60 килограми во првите шест месеци од бременоста пред да падне на 40 килограми во третиот триместар. Изабела сè уште тренирала три дена пред да ја породи – во 40-та недела од бременоста.
Таа ја изгубила тежината од бебето за два месеци и „се вратила“ на своето тело пред бебето во рок од четири месеци.
Изабела, маркетинг-менаџер рече: „Сè уште тренирав три дена пред да се породам. Се работи за тоа да не го занемарувате вашето тело девет месеци. Има толку многу придобивки. Посреќна сум кога вежбам“.
Изабела вели дека сепак се чувала држејќи се до безбедна и иста рутина за вежбање и не пробала ништо ново додека беше бремена.
Таа рече: „Имав навистина добра и некомплицирана бременост. Во првиот триместар од бременоста лежев во кревет поголемиот дел од времето. Вежбањето одзема 45 минути еднаш или двапати неделно – не бара многу време. Ја одржував тежината во текот на целата бременост“.
Изабела ја родила Габриела на 5 јуни 2023 година и се придржувала на упатствата за осум недели пред да се врати во теретана.
Таа рече: „Направив неколку добри прошетки. За три недели сè исчезна. Се чувствував прилично удобно по два месеци. На четири месеци се чувствував послаба“.
Таа се здебелила околу 12 килограми за време на бременоста, но успеала да ја намали тежината три недели по породувањето.
Изабела, исто така, верува дека доењето ѝ помогнало да изгуби тежина, но верува дека има толку многу придобивки од тренирањето додека е бремена.
Таа рече: „Тоа е најдобрата верзија за вас и вашето бебе. Направете го она што треба да го направите за да се чувствувате најдобро“.
Таа додаде: „Постои недоразбирање од лекарите кои велат дека треба само да лежите во кревет. На бременоста ѝ пријдов со фитнес. Ментално си помислив „а не, ќе се здебелам 30 килограми и ќе ми треба една година да се вратам во форма“. Имаше коментари зошто сум опседната со тоа како изгледам. Луѓето мислат дека не е нормално брзо да се вратиш во форма – луѓето мислат дека тоа е лоша работа. Останувам здрава за доброто на бебето. Поинаква мотивација е кога ќе станеш мајка“.
Коментирај анонимно